Локалниот младински совет (ЛМС) има советодавна и застапувачка улога во општините.
Претставниците на Локалниот младински совет иницираат прашања за млади пред општините, учествуваат во процесот на изработка на локална младинска стратегија и акциски план за нејзино спроведување, предлагаат точки на дневен ред на советите на општините, вршат советодавни и застапувачки активности во интерес на младите кон општините.










