Event Overview
Локалниот Младински Совет (ЛМС) - Виница изразува искрена благодарност до Марио Ѓорѓиев и ВФП Групацијата за нивната великодушност и општествена одговорност, одлучувајќи да го донираат хонорарот од настанот „Откриј го светот на инвестирањето: Твојот прв чекор кон финансиска слобода!“.
Со овие средства, ЛМС обезбеди храна, која беше донирана на Хуманитарното здружение „Умиление“ – Виница. Ова здружение активно помага на лица во социјален ризик преку донации на храна, хигиенски средства, облека и обувки, насочувајќи ги ресурсите онаму каде што е утврдена вистинска потреба од помош.
Сакаме да упатиме посебна благодарност и до Иван Александров и Рептил маркети за нивната континуирана поддршка на локалните иницијативи, со што придонесуваат за подобар квалитет на живот во заедницата.
Оваа иницијатива е уште еден показател дека преку солидарност и заедничка соработка можеме да направиме значајна разлика во животите на оние на кои им е најпотребно.

