Слободанчо Ѓорѓиев е дипломиран економист од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на насока Финансиски менаџмент. По завршувањето на студиите, го започнува своето професионално ангажирање во областа на сметководството, каде што стекнува искуство во меѓународна компанија, со фокус на анализа на трошоци и унапредување на процесите за плаќање и наплата.
Во рамки на професионалните обврски, активно учествува во идентификација и истражување на сомнителни трансакции, придонесувајќи кон заштита на компанијата од потенцијални финансиски загуби.
Покрај професионалните ангажмани, тој има значајна улога и во граѓанскиот сектор, особено преку волонтерски и лидерски позиции во младински организации.
