Л М С

Откриј го светот на инвестирањето – Твојот прв чекор кон финансиска слобода

Event Venue

  • СОУ „Ванчо Прке“ во Виница

Date & Time

  • 30 дек. 2024
  • 11:00

Get In Touch

Organizer

  • Локален Младински Совет - Виница

Event Overview

На 30 декември 2024 година, во просториите на СОУ „Ванчо Прке“ во Виница, Локалниот Младински Совет - Виница организираше настан „Откриј го светот на инвестирањето: Твојот прв чекор кон финансиска слобода!“. Главни презентери на настанот беа Александар Николовски, претседател на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и Марио Ѓорѓиев, претставник од ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, друштво за управување со отворени инвестициски фондови.

Александар Николовски ги воведе учесниците во структурата на финансиските институции во Македонија, со посебен фокус на банкарските и небанкарските субјекти. Понатаму, тој ги запозна присутните со основите на финансискиот пазар во Македонија, истакнувајќи ја неговата улога и значење.

Марио Ѓорѓиев продолжи со презентација за различните финансиски инструменти, како акции, обврзници и индекси, објаснувајќи ги нивните карактеристики и потенцијал. Дополнително, тој ги презентираше инвестиционите фондови кои ги нуди ВФП Групацијата, заедно со можностите за остварување приноси на краток, среден и долг рок.