Л М С

Членови на Советот

Што претставува ЛМС?

Локалниот младински совет Виница - претставува тело на локалната самоуправа, составено од млади претставници на различни форми на организирање во општината. Ова тело има советодавна и застапувачка улога, со цел да ги застапува интересите на младите и да ја подобри нивната улога во заедницата. Законот за младинско учество и младински политики го регулира и гарантира локалното младинско организирање и учество. што претставува важен чекор во поддршката на младите во процесите на одлучување.


Претставниците на Локалниот младински совет - Виница иницираат прашања од интерес за младите пред општината, учествуваат во изработката на локалната младинска стратегија и акцискиот план за нејзино спроведување. Тие предлагаат точки на дневниот ред на советот на општината и реализираат советодавни и застапувачки активности кои се од значење за младинскиот развој и благосостојба во Општина Виница.